СВР Тетово: Кривични пријави за влегување на фудбалски терен и прекршување на ковид мерките

108
+1

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека се играше мечот од последното прволигашко коло меѓу Шкендија и Шкупи.

Во изјавата на портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски се вели:

„Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци“, информира портпаролот на СВР Тетово.

ПретходноТројцата „мускетари“ на Антиќ направија фото-спомен со Дамјан
Следно„Дебелкото“ од Мундијалот во Египет шокираше со изборот на новиот клуб