Конечно се доигра и во Тетово, откако дербито меѓу Шкендија и Шкупи беше во прекин речиси половина час и тоа поради фактот дека домашните фанови влегоа на стадионот. Инаку треба да се каже дека и на централната трибина имаше гледачи, очигледно е дека за тетовските фудбалски фанови не важи забраната поради коронавирусот.
Да кажеме дека Ибраими даде гол за Шкендија во 41.минута, а Адем израмни на 1:1.