Станковиќ има понуда од Ц. Ѕвезда за нов договор вредна 600.000 евра по сезона!

25

Иако до крајот на договорот со Ц. Ѕвезда  има уште една година, стратегот на “црвено – белите“ Дејан Станковиќ, има понуда за продолжување на истиот. Имено во неа стои дека тој би бил тренер на Ц. Ѕвезда до 2024 година, а би добивал 600.000 евра по сезона. Да потсетиме дека Станковиќ досега беше платен со 480.000 евра годишно.

Очигледно е дека на раководството на некогашниот европски шампион му се брза со потпишување на новиот договор, посебно ако се знае дека Станковиќ минатата недела имаше разговори со првите луѓе на Сампдорија со цел да се врати во Италија, но сега како тренер на тимот од Џенова.

Сепак како што стојат засега работите, Дејан Станковиќ нема намера да мрдне од Ц. Ѕвезда.

ПретходноПод Шара денеска Шкендија го добива шампионскиот пехар
СледноЗа Струга ТЛ патот кон Европа води преку Кратово!