Мартин Томовски со неговиот тим Лудвигсхафен загубија една од клучните битки за опстанок во германската „елита“.
Томовски денеска играа на домашен терен со Нордхорн-Линген, и доживеаја пораз во лош момент од 28:26. Гостите првиот дел го завршија со плус три, и таа разлика ја задржаа до крајот на мечот.
Томовски немаше свој ден меѓу диреците и успеа да запише само четири одбрани.