Невидена бркотница за шампионската титула во Шпанија ќе се води и во последното коло на Ла Лига. Во денешното претпоследно 33. коло мадридските ривали обезбедија победи и ја одложија одлуката за новиот шпански фудбалски владетел до последното коло.
Атлетико Мадрид остана на врвот на табелата со фантастичен пресврт и победа од 2-1 против Осасуна. Реал (М) ги следи во чекор откако успеаја да се вратат со гостинска победа од Билбао против Атлетик со 1-0.
Голот што може да му донесе титула на Атлетико го постигна Луис Суарез во 88-та минута од натпреварот. Реал, пак, го совлада Атлетик Билбао со 1:0 како гостин со погодокот на Начо од 68-та минута.
Барселона веќе нема теоретски шанси да ја освои титулата откако беше поразена од Селта со 1:2 на „Камп Ноу“.
Во последното коло, Атлетико (М) ќе игра против Ваљадолид и со победа би ја освоил титулата. Реал Мадрид заостанува два бода, а „кралевите“ на домашен терен го пречекуваат Виљареал.