Дојде денот “Д“ за Струга Трим Лум. Денеска ќе дознаеме дали клубот кој постои само шест години и ја игра само втората сезона во ПМФЛ, ќе успее летово да го направи европско.
Денеска во Кратово во меч од 33.последно коло, со почеток од 16 часот, за да не чека од никого ништо, Струга Трим Лум мора да го победи силниот Силекс. Во случај на реми тогаш стружани ќе мора да чекаат и реми на дуелот меѓу Македонија ЃП и Вардар, што секако деке е неверојатно.
Од друга страна Силекс има уште шанси да го избегне баражот, но мора и да мисли на тоа што ќе се случуа во среда кога го игра и финалето во Купот на Македонија.
Капитенот на стружани, Фљамур Таири во пресрет на денешниот историски меч за својот тим потенцира…
“Јасно е дека не очекува тежок натпревар и тоа против силен ривал. Уште повеќе е јасно дека овој натпревар е многу, многу значаен за нас. Со победа би се пласирале во фудбалска Европа, што би било историски успех на Струга Трим Лум која ја игра само втората сезона во ПМФЛ“.