Се погласни стануваат гласините за заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Францускиот стратег оваа одлука веќе им ја сопштил на играчите, а наскоро истата ќе биде и официјална.
Вчера се појави информација дека Зидан е психички и физички уморен, а сега дојде уште една потврда дека следува нова разделба.
За разлика првиот пат кога беше тренер на Реал Мадрид и кога освојуваше пехари во сите натпреварувања, овој пат францускиот стратег успеа само минатата година да стане првак на Ла Лига, дали ќе биде така и сега останува да видиме. Атлетико Мадрид е лидер на два бода пред „кралевите“.