Навивачката група Комити како што и најави пред мечот од последното коло од овогодинешниот шампионат кој за нивниот Вардар нема никакво резултатско значење се собраа пред јужната трибина и прописно го испратија клубот во втората лига.
Вардар веќе две кола и официјално е испаднат во понизок ранг, но навиачите ветија дека клубот не само што ќе го чуваат и ќе навиваат за него и кога ќе се натпреварува следната сезона во втора лига туку и во било кој ранг на натпреварување.