ЛА Лејкерс останаа во игра за плеј-офот откако на гостински терен ја победија Индијана со 115-122 во многу возбудлив натпревар.
Гостите до триумфот ги предводеа двете најголеми ѕвезди. Ентони Дејвис мечот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 10 скока, додека Леброн Џејмс имаше 24 поени. Кај поразениот тим, кој сега се најде на 10. место на Истокот, Карис Леверт имаше 28 поени и 12 асистенции.
Лејкерси се седми на Западот, пред почетокот на последниот меч од регуларниот дел имаат ист учинок како Портланд (41-30).
На последната средба актуелниот првак игра против Њу Орлеанс, додека Портланд ќе игра против Денвер.
Резултати: Бруклин – Чикаго 105-91, Индијана – ЛА Лејкерс 115-122, Њујорк – Шарлот 118-109 (прод.), Минесота – Бостон 108-124, Сан Антонио – Фенис 103-140, Минесота – Мајами 122-108.