Попладнево во Битола го видовме еден од најспектакуларните голови во историјата на ПМФЛ. Стрелец беше Гоудиаби и тоа за 2:0 за Пелистер против Беласица. Црномурестиот играч на битолчани ја зема топката некаде на средината од теренот, и сам се втурна кон голот на гостите, притоа ја мина речиси половина екипа на струмичани. Налик на оној антологиски гол од 1986 и СП во Мексико, кога Марадона им го стегна вториот на Англичаните.
Мајсторија, гол за аналите.
Потоа по мечот, фудбалерите на Пелистер заедно со своите фанови “чкембари“ ја прославија новата победа и секако, опстанокот во елитата.
ФОТО: Фејзбук и моето дете ќе навива за Пелистер