Нови докази: Мекнил го плукнал Алиоски!? (видео)

185

Мечот помеѓу Барнли и Лидс Јунајтед освен четирите гола и победата на јоркширската екипа го одбележа и инцидент помеѓу Двајт Мекнил и македонскиот интернационалец Езџан Алиоски.

Видеото на кое Мекнил му приоѓа на Алиоски кој лежи на тревата во болки покажува и дека англискиот фудбалер го плукнал кога се наведнал кон македонскиот фудбалер. Тоа се забележува на забавената снимка, па Дисциплинската комисија ќе треба добро да го анализира случајот пред да донесе одлука. Ако го земе во предвид ова тогаш ќе биде казнет Мекнил за неспортско однесување.

Инаку Алиоски по инцидентот станал и ги стави рацете на уши и го исплази јазикот. Притоа му се обрати на судијата: „Слушна ли што ми кажа?“.

Судијата Грем Скот разговараше со тренерите на двете екипи и со капитенот на Барнли, но се уште не е јасно што му кажал Мекнил на Алиоски. Сепак случајот е забележан во записникот, па Дисциплинската комисија ќе го разгледува.

ПретходноСинот на Буштур: Цел живот навивам за МЗТ, но сакам да победи Работнички поради татко ми!
СледноНа Нејмар му се заканува затворска казна!