Тројца македонски интернационалци во албанското првенство се најдоа во изборот на „Тим на колото“ за овој викенд. Агим Ибраими и неговиот Кукс слвеа убедливо со 3:0 на гостувањето кај Аполонија, а нашиот репрезентативец го постигна првиот гол за својот тим.
Филип Најдовски беше главен играч во дефанзивата на Тирана, а одличен настап имаше и Дамир Имери во дресот на Влазнија која славеше на гости кај Билиш. Реџепи беше одличен на голот на Скендербег.