Алисон стана првиот голман во историјата на Ливерпул кој постигнал гол: Ова е за мојот татко!

137

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер едвај ги задржа своите емоции по голот за победа од 2:1 против Вест Бромвич Албион, кој практично го остави Ливерпул во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Бекер не само што го постигна првиот гол во својата кариера, туку стана и првиот голман кој постигнал гол за Ливерпул во клупската историја.

„Целта беше само да влезам и, ако е можно, да им помогнам на моите соиграчи влечејќи дефанзивец со мене. Сепак, никој не ме следеше и имав среќа што топката дојде директно кон мене и успеав да ја внесам во мрежата“, изјави тој по мечот.

„Ова е еден од најдобрите голови што сум ги видел во животот. Не ме прашувај за објаснување, затоа што немам. Вакви работи се случуваат во фудбалот. Имам премногу емоции во моментов. Ми се случија многу нешта во последните неколку месеци, но фудбалот е мојот живот. Играв со татко ми од кога се сеќавам. Се надевам тој го виде овој гол и сигурен сум дека сега слави со Господ до него“, изјави Алисон.

ПретходноКОМЕНТАР НА 33.КОЛО: И од премногу славење “ГЛАВА БОЛИ“…
СледноНоле не е сигурен на врвот: Ако Медведев го освои Роланд Гарос, Ѓоковиќ паѓа од бр. 1