Екс-фудбалер на Вардар во болница откако ракета го погодила неговиот дом

134

Фото: Фејсбук/Ibezito Ogbonna -Fan page

Поранешниот фудбалер на Вардар, нигерискиот напаѓач Ибе Зито Огбона бил повреден откако ракета го погодила неговиот дом во Израел. Како што знаете во Израел е воена состојба, а ракета го погодила неговиот дом во Ашдод.
Тој со Брза помош бил однесен во болница каде му биле санирани раните, а на Фејсбук објави снимка дека е жив и здрав.
„Жив сум и добар сум, но мојот дом е срушен“, соопшти Огбона
Инаку овој фудбалер играше за Хапоел Тел Авив од 2003 до 2007 година, а беше дел од Вардар во сезоната 2012/13. Тој моментално е во Ашдод и е член на локалниот клуб Агудат.

ПретходноДракслер во ПСЖ до 2024
СледноДобри вести за навивачите – И со негативен ПЦР тест ќе може во Букурешт за да се бодри Македонија на ЕП