Затворена регуларната сезона во НБА лигата: Филаделфија и Јута со победи го одбранија врвот

83

Последниот ден од регуларниот дел од сезоната во НБА кошаркарската лига, практично, целосно ги распореди тимовите по парови за првата рунда од плеј-офот. Лука Дончиќ и тимот на Далас претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Минесота (121:136), но сепак го задржа петтото место во Западната конференција со што нема да мора да играат плеј-ин за влез во официјалното разигрување.

Во првата рунда од плеј-офот, Далас исто како и минатата година, ќе се сретне со Лос Анџелес Клиперс кој финишираше на четвртата позиција. Денвер сепак го освои третото место на Западот и со тоа во првата рунда од плеј-офот ќе се сретне со Портланд, од кого, интересно, загуби синоќа во последниот меч од регуларниот дел од сезоната со 116:132 на гостински терен.

Бруклин славеше над Кливленд со 123:109, но на крајот остана на второто место во Истокот. Нетс му го препуштија врвот на тимот на Филаделфија која синоќа си обезбеди победа над екипата на Орландо.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Бостон  96:92

Торонто – Индијана 113:125

Вашингтон – Шарлот 115:110

Сан Антонио – Феникс 121:123

Голден Стејт – Мемфис 113:101

Атланта – Хјустон 124: 95

Бруклин – Кливленд 123:109

Филаделфија – Орландо 128:117

Детроит –  Мајами 107:120

Чикаго – Милвоки 118:112

Минесота – Далас 136:121

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 98:110

Оклахома – ЛА Клиперс 117:112

Портланд – Денвер 132:116

Сакраменто Кингс –  Јута 99:121

ПретходноАгим, Најдовски, Имери и Реџепи во „Тимот на колото“ во Албанија
СледноНБА ПЛЕЈ-ОФ: Комплетирани двојките за првата рунда, прво стартува плеј-ин