КМФМ со 45 медали од Европскиот Куп во Белград

102

Голем успех на македонската кикбокс репрезентација. 92 натпреварувачи и тренери од 11 македонски кикбокс клубови, предводени од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски Урко овој викенд во Белград од 14-16 мај 2021 година достојно ја претставија нашата земја на ВАКО Европскиот куп Србија Опен.

Македонската репрезентација се враќа со 45 медали, 15 од нив златни, 14 сребрени и 16 бронзени.

„Со оглед на последиците од Ковид-19 пандемијата и кризата во спортот во нашата земја која произлезе како резултат на селективната забраната за тренинг на нашите репрезентативци и другите индивидуални спортови, сепак успеавме да донесеме огромен број медали и нашата земја ја претставивме гордо и како што и доликува. Споредено со другите земји во регионот во кои на сите репрезетативци, без разлика на тоа дали се дел од колективен или индивидуален спорт, им беше дозволен тренинг; во нашата држава привилегијата за тренинг, па дури и натпревар во затворен објект ја имаа само колективните и лига спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка). На овој кикбокс куп, сите наши натпреварувачи буквално го оставија здравјето на ринговите и борилиштата, пред се борејќи се до последни сили со својата кондицијата, а потоа и со противниците за да извојуваат победа. Многу од натпреварувачите се здобија со повреди како резултат на забраната за тренинг“, изјави Дејан Митровски Урко.

 

Поединечно резултати по клубови кои ги освои Македонија:

Кбк Шампион Магнус тим – Скопје
3-златни
4-сребрени
2-бронзени

Кбк Гладијатор – Скопје
2-злата
0-сребрени
2-бронзени

Кбк Зоран тим – Струмица
2-злата
5-сребра
6-бронзени

Кбк Предатор-Куманово
0- златни
1-сребрени
4- бронзени

Кбк Тетово-Тетово
1- златни
0- сребрени
1- бронзени

Кбк Викинг- Скопје
1- златни
0- сребрени
0- бронзени

Кбк Гладијатор-Стип
2- златни
0- сребрени
2- бронзени

Кбк Будо-Кавадарци
1- златни
0- сребрени
0- бронзени

Кбк Ас -Делчево
2- златни
0- сребрени
1- бронзени

Кбк Лидер -Виница
1- златни
2- сребрени
0- бронзени

Кбк Будо -Велес
1- златни
2- сребрени
1- бронзени

Најуспешен од македонските клубови е Кбк Шампион Магнус Тим од Скопје.

ПретходноУкраина ги започна подготовките за ЕП, селекторот Шевченко ги чека „странците“
СледноМанчини селектор на Италија до 2026