Лазаров го учел македонски: Секогаш имав желба да научам балкански јазик, Кире ми помогна!

232

Металург ги официјализираше браќата Оливие и Кевин Њокас. И двајцата денеска во салата во Автокоманда беа претставени на јавноста.

Оливие игра на позиција  лев бек, тој е соиграч на Кирил Лазаров од Нант. Очекувано, по понудата од страна на Металург, прво се консултирал со нашиот најдобар ракометар.

„Кирил Лазаров ми помогна многу, имав многу прашања за него. Тој ми даде совети и донесовме важна одлука за нашата кариера, благодарен сум за се што направи за мене и за сите работи што ми ги кажа, тој е мој вистински пријател“. вели Оливие, кој откри интересен детал, се обидувал да го научи македонскиот јазик.

„Мојата желба беше да научам еден балкански јазик, Кире ми помогна во тој процес“.

Одлуката да се стави потпис со Металург не била тешка, двете страни нашле заеднички јазик.

„Лесно најдовме заеднички јазик, се договоривме и од следната сезона, нашиот живот продолжува тука. Се надевам дека тимот ќе продолжи да расте со нашето доаѓање. При преговорите видовме многу сериозни работи. Ние сме победници и сакаме да донесеме нешто за Металург. Доаѓаме тука да победуваме и да го направиме Металург повторно голем.

Европската лига на ЕХФ ќе биде прва цел, сакаме да играме во еврокуповите. Сакаме да одиме што е повеќе понатаму. Сакаме да освојуваме трофеи. Тимот има голем талент од она што го знам, говоревме со претседателката Блажевска и тренерот Марковски. Имаме искуство, ја добивме шансата да работиме со помлад тим“, заврши Оливие.

Прославените француски ракометари и долгогодишни репрезентативци на најсилната ракометна земја на светот во Металург ќе ги минат следните две сезони. Браќата близнаци се и први Французи во историјата на клубот кои ќе го носат дресот на Металург.

ПретходноСедлоски: Заслуживме да ја победиме Шкендија!
СледноКевин Њокас: Металург го има младиот Серафимов, сакам да бидам пример за него, да му помогнам!