Манчини селектор на Италија до 2026

120

Роберто Манчини и натаму ќе биде селектор на репрезентацијата на Италија. Досегашниот кормиар на Азурите доби понуда и истата ја прифати да остане селектор до 2026 година со заработувачка од 3 милиони евра по сезона.

„Бараме континуитет и во работата и во резултатите. За да се освои трофеј мора да мине процес од неколку години.  Манчини работи брилијантно веќе две години и проектот напредува, тој ја доби нашата почит на федерацијата и почитта од нашите фанови.“ – изјави претседателот на ФФИ, Габриеле Гравина.

ПретходноКМФМ со 45 медали од Европскиот Куп во Белград
СледноДракслер во ПСЖ до 2024