Мартин Мирчевски ќе биде првото засилување за Брегалница

530

Иако сеуште тимот на Брегалница не се распуштил од овогодинешната сезона, управата на клубот напорно работи на засилувањата за онаа следната.

Штипјани се прволигаши и адекватно на тоа ќе треба и да се засилат.

Па така, прв на листата желби на Штипјани е досегашниот играч на Вардар, Мартин Мирчевски кој и во ваков Вардар кој сега е веќе второлигаш беше еден од најдобрите играчи.

Спортмедиа дознава дека Брегалница и Мирчевски се речиси пред договор и дека многу веројатно тој ќе биде првото засилување за Штипјани ова лето.

 

ПретходноУтре во 12 часот на Арената, прес на финалистите на Купот!
СледноЧави пристигна во Барселона со 22 парчиња багаж