Навивачите на Ренџерс се испотепаа меѓу себе додека ја славеа титулата (ФОТО+ВИДЕО)

135

Полицијата во Глазгов имаше многу работа со прославата на навивачите на Ренџерс по освојувањето на 55-та титула во историјата на клубот. За време на викендот, Ренџерс и официјално го добија шампионскиот трофеј, а илјадници навивачи се собраа на улиците на градот за да слават.

Сепак, енормните количини на алкохол за некои не излегоа на добро. Имаше масовни тепачки откако дел од навивачите почнаа да фрлаат предмети и шишиња кон дел од останатите групи навивачи на тимот од Глазгов.

Полицијата мораше да ги растера приврзаниците, но додека полицијата ја спроведе интервенција, многу навивачи беа повредени, а на некои дури им беше потребна лекарска помош.

 

ПретходноСтруга ТЛ со навивачите го прослави пласманот во европските купови (ВИДЕО)
СледноКОМЕНТАР НА 33.КОЛО: И од премногу славење “ГЛАВА БОЛИ“…