Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, загуби 400 бода на првото место на АТП листата со поразот во финалето во Рим од Рафаел Надал, но се уште е лидер пред Русинот Медведев.
Првата позиција за Ноле е загарантирана барем до Ролан Гарос, а веројатно и по тоа, ако не се случи сензација, па Русинот д аго освои овој Грен Слем турнир.
Ако тоа се случи, Ѓоковиќ ќе мора да го предаде лидерското место во светскиот тенис. На новата АТП листа тре е победникот на вчерашното финале, Рафаел Надал (9.630), а Доминик Тим оста на 4. позиција (8.445). Големата петорка ја заокружува Циципас (7.430).