Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс тврди дека драматичната победа на Ливерпул над ВБА, по која тимот од Енфилд дојде на само три бода помалку од „Лисиците“, не менува ништо за неговиот тим, кој мора да ги добие последните два натпревари за да биде сигурен учесник во Лигата на шампионите.
“Ова не влијае на нашата ситуација. Ние мора да ја контролираме ситуацијата да знаеме што правиме и да ја чуваме нашата судбина во наши раце. Веќе сме безбедни за излезот во Европа, но имаме уште два натпревари да ги завршиме во топ 4. Имаме одлична можност да се квалификуваме за Лигата на шампионите и планираме да ја искористиме“ – изјави Роџерс.