Скај Спортс: Кејн му кажал на Тотенхем дека сака да си оди летоска

45

Шок за Тотенхем! Првата напаѓачка виолина и моментално најдобриот фудбалер Хари Кејн им соопштил на раководните луѓе на клубот дека планира да си оди летоска, пренесува „Скај спортс“.

Овие информации одамна кружат низ англиските медиуми, а како што завршува сезоната во Премиер лигата така и се погласни. Кејн не е задоволен од тоа како се развива Тотенхем, не е задоволен од тоа што се уште нема освоено трофеј. Како што кажа самиот ништо не му значат головите и наградите за најдобар стрелец во клубот или Премиер лигата, ако тоа не го зачини до некој трофеј.

Затоа неговиот план е да ги смени клупските бои. Па така разврска чекаат неколку клубови меѓу кои двата гиганти од Манчестер, Челзи… А претседателот на Тотенхем Даниел Леви не сака да го пушти својот најдобар играч и за него бара 150 милиони фунти, соопштува „Телеграф“.

ПретходноДобри вести за навивачите – И со негативен ПЦР тест ќе може во Букурешт за да се бодри Македонија на ЕП
СледноПлеј-оф за пласман во Премиер лига: Борнмут и Свонси со минимални предности