Вчера се одигра последното 33.коло во сезоната 2020/2021 во ПМФЛ. Очекувани резултати, немаше поголеми изненадувања. Сепак веднаш да го одбележиме мајсторскиот, фантастичниот гол на Оумар Гоудиаби, офанзивецот на Пелистер. Одамна не сме виделе таков “слалом“ на нашите терени и таков гол против Беласица.
Струга Трим Лум го победи Силекс и избори излез во Европа. Мециновиќ, Цаке, Шабани и Јахја беа тие кои беа најдобри кај победничкиот тим кој играше повеќе од 60 минути со играч помалку. Шкупи му одолеа на шампионот, а најзаслужни се голманот Иљази и стрелецот на голот Адем. Академија Пандев се избори за директен опстанок по триумфот над Борец, тука се стрелците Манев и Миловановиќ, овој вториот даде два гола. Работнички избори реми против Ренова на гости. И на крај Ибраими одново најдобар кај Шкендија.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ОУМАР ГОУДИАБИ
Тим: Пелистер
Роден: 01.01.1995 во Сенегал
Кариера: Ниари, Теунгеут, Шкупи, Пелистер