Во среда, на Националната Арена “Тодор Проески“ со почеток во 19 часот, ќе се одигра 28-то финале во Купот на Македонија. Академија Пандев и Силекс, тоа се екипите кои ќе јуришаат на посакуваниот пехар во нашето најмасовно спортско натпреварување во земјата.
Да се потсетиме, струмичани го бранат трофејот од 2019 година, и тоа поради фактот дека лани поради пандемијата не се одигра докрај Купот. Додека Силекс ќе се обиде по 24 години да дојде до својот трет пехар во својата историја. Кратовци се радуваа во Скопје во 1994 и во Кавадарци во 1997 година.
По тој повод утре со почеток во 12 часот, и тоа во прес – салата на Арената ќе се одржи прес – конференција на која свое видување ќе дадат тренерите Александар Васоски (А. Пандев) и Горан Симов (Силекс), како и капитените на двете екипи.