ЕХФ на официјалната страница потврди дека фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони во женска конкуренција ќе се игра пред публика.
Бројот на гледачи секако во Арената „Ласло Пап“ ќе биде ограничен, може да биде исполнет 50% од капацитетот односно во продажба ќе бидат пуштени 6.000 билети.
Ф4 ќе се одржи во Будимпешта од 29 до 30 мај, Македонија ќе има свој претставник, Сара Ристовска и ЦСКА Москва за првпат обезбедија место на завршницата. За го имаат Вајперс Кристијансанд, во другото полуфинале ќе се сретнат Ѓер и Брест Бретањ.
Влезниците ќе чинат од 28 евра до 150 евра.