Цорк: Јас не знам колку пати треба да кажам, Халанд останува во Борусија (Д)

95

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк изјави дека му е доста од одговарање на прашања во врска со иднината на напаѓачот Ерлинг Халанд.

Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и ред други врвни клубови тврдат дека се во контакт со 20-годишниот Норвежанец и дека ова лето тој има реални шанси да се пресели кај нив.

„Изгледам како папагал. Го повторувам истото. Халанд и јас планираме нова сезона, тој ќе остане со нас. Ова можам да го кажам петпати, но изгледа не ме слушате“, изјави Цорк за германски „Скај Спортс“.

ПретходноНБА ПЛЕЈ-ОФ: Комплетирани двојките за првата рунда, прво стартува плеј-ин
СледноКуман: Меси мора да остане, без него е невозможно да се игра