Шампионот на плоштад со фановите ја прослави четвртата титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

222

Синоќа беше весело, разиграно на градскиот плоштад во Тетово. Фудбалерите на Шкендија заедно со своите најверни фанови ја прославија својата четврта шампионска титула.

Со песна, со огномети, како што му доликува на најдобриот тим во Македонија.

Шкендија сезнова ја одигра доминантно, сигурно и без некои посебни проблеми, посебно со фантастичната пролетна победничка серија, апсолутно заслужи да слави.

Може кој сака да каже, но Ибраими, Бејтулаи, Захов, Алими, Дориев, Нафиу, Дита, Елези, Мурати… и останатите отскокнуваат со својот квалитет во ПМФЛ.

Токму затоа и се прваци.

ФОТО: ФБ на Шкендија

 

ПретходноДалиќ го објави списокот на Хрватска за ЕУРО 2020!
СледноПех за “панцерите“: Германија без ѕвездата на Барса на ЕУРО!