Потресна вест доаѓа од Италија каде што поранешниот фудбалер на Авелино Филипо Вичидо во неделата си го одзел животот со тоа што се обесил во гаражата во својот дом во градот Батипаља, каде што живеел со својата сопруга Мина и двете деца Наоми и Доменико. Причините поради кои 31-годишниот фудбалер си го одзел животот засега се непознати.
Последниот клуб на Висчидо бил аматерскиот Селернум Барониси кој бил распуштен поради пандемијата со коронавирусот. Поради својата борбеност на теренот го добил прекарот „Питбул“, а според негови блиски пријатели и роднини тој немал некои психолошки и здравствени проблеми или непријатели.
Висчидо играл уште за неколку италијански клубови од пониските италијански лиги како Кампобасо, Потенца, Кавезе, Савоја, Соренто, Ликата, Палмезе, Афраголезе…
Suicida l’ex Avellino Filippo #Viscido. Aveva 31 anni, trovato morto nel garage https://t.co/eu0HueAyPf
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 17, 2021