Со одигрувањето на синоќешните натпревари и официјално се затвори регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Распоредот на тимовите по 72 одиграни мечеви, ги одреди и патниците во плеј-оф и т.н. плеј-ин дел.
Најдобрите шест екипи во двете конференции обезбедија директен пласман во разигрувањето за титулата, додека тимовите од 7. до 10. место ќе мора да одиграат еден квалификациски, т.н. плеј-ин дел од кој уште по два тима од двете конференции ќе им се приклучат на најдобрите шест во конференциските плеј-оф дуели.
Во продолжение двојките за првата рунда и во двата дела:
ПЛЕЈ-ОФ ДВОЈКИ:
(први мечеви на 22 мај)
Исток
Филаделфија (1) – квалификант
Бруклин (2) – квалификант
Милвоки (3) – Мајами (6)
Њујорк Никс (4) – Атланта (5)
Запад
Јута (1) – квалификант
Феникс (2) – квалификант
Денвер (3) – Портланд (6)
ЛА Клиперс (4) – Далас (5)
ПЛЕЈ-ИН (Дополнителни квалификации)
(17 – 21 мај)
Исток
Бостон (7) – Вашингтон (8)
Индијана (9) – Шарлот (10)
Запад
ЛА Лејкерс (7) – Голден Стејт (8)
Мемфис (8) – Сан Антонио (10)
The 2021 #NBAPlayoffs and #StateFarmPlayIn Bracket!
Full schedule ➡️ https://t.co/DNE7pJlpQB pic.twitter.com/NidaRNQh1k
— NBA (@NBA) May 17, 2021