Голем пех за Германија и за селекторот на заминување Јоаким Лев. Имено како што пренесуваат медиумите во Шпанија денеска, голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген мора да оди на операција, а тоа значи дека не само што нема да игра на последниот меч за каталонците во Ла Лига, туку ќе мора да го пропушти и ЕП кое започнува на неполн месец.
Германскиот репрезентативец одамна има проблеми со коленото, можеби и можеше да ја одложи опреацијата, но докторскиот тим на Барса смета дека сега е вистинскиот момент оваа незгодна повреда да се санира.