Репрезeнтацијата на Украина со која што ја делиме групата Ц на претстојното Европско првенство и со која ќе го одиграме мечот во рамките од второто коло од ова натпреварување на 17. јуни на Националната Арена во Букурешт, и официјално ги стартуваше подготовките под водство на селекторот Андриј Шевченко.
Првите неколку дена, селекцијата на Украина и селекторот ќе работат единствено со домашните репрезентативци, со оние кои настапуваат во домашниот шампионат, па како завршуваат странските шампионати кои се сеуште во тек, така ќе се приклучуваат и „странците“.
Во моментов, следните играчи се присутни на тренинг кампот на репрезентацијата на Украина.
Голмани : Георги Бушан (Динамо Киев), Андриј Пјатов, Анатолиј Трубин (Шахтјор Доњецк).
Одбрана : Александар Караваев, Илја Забарни, Виталиј Миколенко, Александар Тимчик, Александар Сирота, Денис Попов (сите Динамо Киев), Николај Матвиенко, Сергеј Кривцов, Виктор Корниенко (сите од Шахтјор Доњецк).
Среден ред : Тарас Степаненко, Марлос, Георги Судаков (сите од Шахтјор Доњецк), Сергеј Сидорчук, Николај Шапаренко, Виталиј Бујалски, Виктор Циганков, Богдан Леднев (сите од Динамо Киев), Артем Бондаренко (Мариупол), Евгениј Макаренко (Кортријк, Белгија), (Ференцварош, Унгарија).
Напаѓачи : Артем Довбик (Днипро), Артем Беседин (Динамо Киев).