Конечен расплет: Познати сите парови во НБА плеј-офот

64

Во НБА лигата по одигрувањето на синоќешните натпревари познати се сите парови од следната фаза по конференции. Па така дел од екипите ќе мора по потешкиот пат да стигнат до плеј-офот. Во плеј ин групата седмиот и осмиот тим во конференцијата ќе играат меѓу себе, а победникот ќе оди во плеј-офот додека поразениот ќе има уште една шанса, против подобриот од дуелот на 9. и 10. пласираниот тим.

На пример на Западот Сан Антонио Спарс и Мемфис Гризлис играа во две добиени, а во наредната рунда ги чека подобриот од Лејкерс и Голден Стејт. На Истокот Вашингтон се довлечка до осмото место со победа над Шарлот и ќе игра против Бостон, а победникот ќе оди понатаму, додека поразениот ќе има уште една шанса против подобриот од дуелот Индијана и Шарлот.

ПАРОВИ, ПЛЕЈ-ИН

ИСТОК
БОСТОН – ВАШИНГТОН
ИНДИЈАНА – ШАРЛОТ
ЗАПАД
Л.А. ЛЕЈКЕРС – ГОЛДЕН СТЕЈТ
МЕМФИС – САН АНТОНИО

ПАРОВИ, ПЛЕЈ-ОФ
ИСТОК
ФИЛАДЕЛФИЈА – 8.  ПЛЕЈ ИН
БРУКЛИН – 7. ПЛЕЈ ИН
МИЛВОКИ – МАЈАМИ
ЊУЈОРК – АТЛАНТА
ЗАПАД
ЈУТА – 8.  ПЛЕЈ ИН
ФИНИКС – 7. ПЛЕЈ ИН
ДЕНВЕР – ПОРТЛАНД
Л.А. КЛИПЕРС – ДАЛАС

ПретходноМонца и Лече на пат да „извисат“ за пласман во Серија А
СледноРоналдо ги товари луксузните автомобили, но нема врска со тоа дека си оди од Јувентус