Познати се двојките за бараж мечевите за опстанок или пласман во ПМФЛ. Ждрепката сакаше Ренова да игра против Охрид, второпласираниот тим во ВМФЛ – ЗАПАД, додека Силекс ќе ги одмери силите против Тиквеш, кој заврши втор во источната конкуренција.
Мечевите се играат во вторник. Силекс и Тиквеш играат на Арената “Тодор Проески“, а Ренова и Охрид на ФФМ.
Почетокот е закажан за во 16 часот. Победниците следната сезона ќе играат во елитата. Нема продолженија, во случај на нерешен резултатот по 90.минути ќе се изведуваат пеналите.