Ристевски заминува во АЕЛ Лимасол

306

Македонскиот интернационалец и репрезентативец Кире Ристевски својата кариера ќе ја продолжи во тимот на АЕЛ Лимасол.

Тоа е речиси дефинитивно откако Ристевски ја одбра понудата да замине во Кипар, иако имаше уште неколку опции на располагање.

Спортмедиа дознава дека репрезентативниот дефанзивец имаше опција да замине во Турција, но и да остане во Унгарија како од најдобрите екипи во овој шампионат, така и бланко понуда од страна на неговиот досегашен клуб Ујпешт.

Сепак, Ристевски се одлучи за АЕЛ Лимасол амбициозен клуб во кој со успех веќе извесен период настапува екс Македонскиот младински репрезентативец и капитен Давор Здравковски.

Ристевски со ова решава една голема дилема пред претстојното Европско првенство, и сега во мир може најпрво да се одмори, а потоа и да се подготви за секако најголемиот настан во неговата досегашна кариера.

 

Претходно16 скијачки клубови обвинуваат дека новиот претседател на федерацијата е избран со ФАЛСИФИКАТ!
СледноДобри вести за Вардар пред новата пресметка во Е.Пелистер во Битола