Списокот на Манчини за ЕП: повредениот Верати и новакот Распадори

624

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го објави првиот проширен список од 33 фудбалери за Европското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули, а на истиот е вклучен Марко Верати иако е повреден, а изненадување е повикот на напаѓачот на Сасуоло Џакомо Распадори.

Пред ЕП на кое италијанскиот национален тим отвора против Турција на 11 јуни во Рим, закажани се две пријателски средби, против Сан Марино на 28 мај во Каљари и против Чешка на 4 јуни во Болоња.

Од овој список, Манчини ќе ги одреди 26-те фудбалери кои ќе одат на ЕП, а истиот треба да го соопшти до 1 јуни. Верати е повреден (десно колено), ПСЖ соопшти дека тој ќе отсуствува меѓу четири и шест недели, но Манчини го повика и ќе ја следи неговата состојба.

„Повредата е посериозна, но има уште еден месец и верувам дека работите ќе тргнат на подобро“, вели Манчини.

На списокот на Манчини го нема ни Николо Заниоло кој има сериозна повреда на коленото и нема шанси да заздрави на време.

ОВА Е СПИСОКОТ НА МАНЧИНИ:

ГОЛМАНИ: Алесио Крањо (Каљари), Џиџи Донарума (Милан), Алекс Мерет (Наполи), Салваторе Сиригу (Торино)

ОДБРАНА: Франческо Ачерби и Мануел Лацари (двајцата од Лацио), Џанлука Манчини и Леонардо Спинацола (двајцата од Рома), Леонардо Бонучи, Џорџо Киелини (двајцата од Јувентус), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Кристијано Бираги (Фиорентина), Алесандро Бастони (Интер), Рафаел Толои (Аталанта) и Алесандро Флоренци (ПСЖ)

СРЕДЕН РЕД: Николо Барела и Стефано Сенси (Интер), Гаетано Кастровили (Фиорентина), Брајан Кристанте и Лоренцо Пелегрини (Рома), Матео Песина (Аталанта), Марко Верати (ПСЖ), Мануел Локатели (Сасуоло)

НАПАД: Андреа Белоти (Торино), Доменико Берарди и Џакомо Распадори (Сасуоло), Федерико Бернардески (Јувентус), Федерико Киеза (Фиорентина), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње и Матео Политано (Наполи), Моис Кен (ПСЖ).

ПретходноРоналдо ги товари луксузните автомобили, но нема врска со тоа дека си оди од Јувентус
СледноЛил, ПСЖ или Монако? Кој до титулата во Франција? Ова се сценаријата…