Баерн додава уште една звезда на грбот

146

Екипата на Баерн Минхен по деветти пат едноподруго ја освои титулата во Бундес лигата, а таа е 30 во нивната историја, откако е востановено ова натпреварување во 1963. година.

Управата на клубот одлучи по тој повод на грбот на клубот, кој се наоѓа на дресовите да вметне уште една петта звезда како потсетник на титулите кои се освоени.

„Петтата звезда на нашите домашни дресови е награда за сите триесет титули кои се освоени од основањето на Бундеслигата. Тоа го заслужија многу генерации на играчи кои со децении го држеа Баерн Минхен на највисоко ниво. Навивачите на клубот можат да бидат горди на овој момент“ – порача претседателот на Баерн Минхен, Карл Хаинц Румениге.

Начинот на кој што функционира доделувањето на звездите е следен. Прволигашите и второлигашите за три освоени титули добиваат една звезда, две за пет титули, три за десет титули, четири за дваесет и пет за триесет титули како во случајот на Баерн.

 

ПретходноПетковски заврши со Работнички, опција се Кипар, Грција и Унгарија
СледноЗдравствените работници во Јапонија против одржувањето на Олимпијадата во нивната земја!