Брајтон со пресврт го совлада новиот англиски шампион (ВИДЕО)

75

Во меч без резултатско значење, фудбалерите на Брајтон на задоволство на своите навивачи се потрудија со пресврт да го совладаат новиот шампион на Англија, Манчестер Сити. Домаќините славеа со 3:2 и со тоа на најдобар можен начин ја завршуваат сезоната на својот стадион.

Во втората минута, Сити поведе со голот на Гундоган, а веќе во 10. минута

„Граѓаните“ останаа со играч помалку по директниот црвен картон за Кансело.

Во 48-та минута убава акција на Сити, која Фоден ја претвори во гол за 0:2.

Домаќините брзо возвратија преку Тросард, кој погоди за 1:2 во 50-та минута од играта, а во 72-та минута Вебстер погоди за 2:2.

Големиот пресврт се случи во 76. минута, кога Барн погоди за 3:2.

ПретходноБешикташ ја освои двојната круна во Турција! (ВИДЕО)
СледноТрајковски и Мајорка се враќаат во Ла Лига!