Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Марко Ројс нема да и помогне на германската репрезентација на претстојното Европско првенство.
„После тешката, исцрпувачка и за среќа успешна сезона, Јоаким Лев и јас решивме дека не треба да одам на Европско првенство. Оваа одлука беше многу тешка за мене, затоа што секогаш сум среќен кога играм за мојата земја. Но, по напорната година, решив да му дадам време на моето тело да се опорави. Ќе ја искористам паузата за да ја започнам новата сезона со нова моќ. На Јоги и нашата репрезентација им посакувам се најдобро за ЕП. Ќе навивам за тимот“, напиша Ројс на својата страница на Инстаграм .