Дешамп со Бензема во составот на Франција за Евро 2020!

62

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за ЕП ова лето. Како и штос е најавуваше, Дешамп по 6 години го врати во составот на „Галските петли“ и најдобриот напаѓач на Реал (М), Карим Бензема.

„Што се однесува до Бензема, не можеме да се вратиме во времето и да смениме нешто. Најважно е денес и утре. Преземени се важни чекори, се сретнавме со Карим. Разговаравме долго. По состанокот, долго време размислував за да дојдам до оваа одлука. Нема да ви кажам за што разговаравме, тоа се однесува само на нас. На двајцата ни требаше. Јас веќе се соочував со тешки ситуации и секогаш ги игнорирав личните интереси. Француската репрезентација не ми припаѓа мене“, изјави Дешампн за „Л’Екип“.

Во списокот на Дешамп се најдоа:

Голмани: Љорис, Манданда, Мањан.

Одбрана: Павард, Дубоа, Зума, Варан, Кимпембе, Ленглет, Л. Хернандез, Дињ, Кунде

Среден ред: Сисоко, Канте, Лемар, Погба, Рабио, Толисо

Напад: Бен Једер, Бензема, Коман, Дембеле, Жиру, Гризман, Мбапе, Турам.

ПретходноТројца македонски боксери на „Монтенегро Куп“
СледноБешикташ ја освои двојната круна во Турција! (ВИДЕО)