Само четири дена по пресметката во Купот на Македонија, Вардар и Е.Пелистер одново ќе ги одмерат силите. Овој пат во рамките на плеј-офот, „црвено-црните“ во Битола можат да стават на сите дилеми, ако ги имаше околу шампионската титулата оваа сезона.
Во Куп-пресметката видовме вистинска борба на теренот со неколку повреди. Еден од играчите кои мораше пред време да го заврши мечот беше Кристијан Дисинер. Германскиот ракометар падна на подот и се здоби со тежок удар на главата, но на голема среќа нема поголеми последици. Ова значи дека тренерот. Стевче Алушовски во атакот на двојната титулата оваа сезона на располагање ќе го има и Дисингер, кој до падот беше фантастичен на дуелот во Автокоманда.
На другата страна Стипе Мандалиниќ и Матео Мараш се неизвесни, шанси да настапат не се големи.
Вардар сезонава не знае за пораз, единствениот конкурент за титулата, Е.Пелистер засега не се покажа како вистинска опасност за тронот. Останува да видиме дали така ќе биде и во четврток, дуелот се игра со почеток во 18 часот.
ФОТО: РК ВАРДАР/Денис Дуковски