Еуро Никел се сели во Гевгелија

134

Трката за титулата почнува во среда. Иако засега нема официјална потврда од страна на КФСМ, сепак плеј-оф натпреварите нема да се играат во „балон“ како што беше најавено на почетокот на минатиот месец.

Оваа промена беше незгодна за Еуро Никел, кој не може да ја користи својата сала во Кавадарци, истата во моментов е центар за вакцинација. Горан Самарџиев и неговите момци се „селат“ во Гевгелија, домашните средби ќе ги играат во салата „26 април“.

Противник во осминафиналето ќе им биде тимот на Гостивар против кого во Купот на Македонија одиграа убедливо .

Во останатите двојки, Пелистер игра против Академија ФМП, Работнички со ТФТ, додека пак МЗТ Скопје за противник го игра тимот на Куманово, се игра во две добиени.

ПретходноПознати двојките за баражите: Ренова против Охрид и Силекс со Тиквеш во битка за ПМФЛ!
СледноФинале Куп – Васоски и Стоилов: Сон на секој фудбалер и тренер е да игра финале!