Се чини дека постои реална шанса и ова лето да нема ништо од ОИ во Токио. Познато е дека Олимпијадата требаше да се одржи минатото лето во јапонскиот главен град, но поради пандемијата беше одложена за ова лето, и тоа од 23 јули од 8 август.
Сепак коронавирусот никако да се намали во Јапонија, а посебно во Токио. Бројките на новозаразени и натаму се страшни, а вонредната состојба е продолжена до 31 мај.
Интересно е тоа што според некои истражувања, дури 80% од жителите на Јапонија сметаат дека Олимпијадата не треба да се одржи кај нив.
Деновиве со заедничко соопштение се јавија и голем број здравствени работници кои бараат од Владата на Јапонија, но и од МОК, и дефинитивно да не си играат и да ја откажат Олимпијадата.
“Ги повикуваме надлежните власти под итно да разговараат со МОК. Одржување на игрите под овие услови едноставно не е можно. Доаѓањето на повеќе од 20.000 спортисти само уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата со короната во нашата земја“ стои во писмото кое е потпишано од повеќе од 6.000 лекари.