Кировски е “бомбардерот“ во ВМФЛ- ЗАПАД, набргу ќе тресе и во елитата!

386

Христијан Кировски се чини дека не погреши што во зимскиот преоден рок од Гостивар се пресели во Скопје. И тука просто „експлодира“ пролетва на голгетерски план. И тоа како им помогна на “пиратите“ да се вратат во елитата.

Кировски на крајот заврши на чело на листата на стрелците во ВМФЛ – ЗАПАД со 15 голови, дури четири повеќе од второпласираните Алији и Лога.

Кога сме кај Кировски да кажеме и тоа дека во сезоната 2010/2011, значи пред точно десет години беше прв стрелец во ПМФЛ, интересно е тоа што и тогаш го предводеше нападот на Скопје.

Нема сомневање дека во следната сезона фановите на Скопје очекуваат од Кировски да тресе и во елитата, а тие да се радуваат на неговите голови, на победите на нивниот сакан тим.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

15

Х.КИРОВСКИ (Скопје)

11

Е. АЛИЈИ (Дрита)

А. ЛОГА (Велешта

9

В.ЖОГЛЕВ (Скопје)

8

А.ИМЕРИ (Велазерими)

Ш. РЕЏЕПИ (Охрид)

7

И. АЈРУЛАХУ (Скопје)

ПретходноДобри вести за Вардар пред новата пресметка во Е.Пелистер во Битола
СледноСилекс стравува да не му се случи судбината на Маџари од 2005 година!