Лапорта подготвен за нова операција „2003“

116

Тимот на Барселона летово го чека сериозна работа. Старто новиот прв човек на клубот Жоан Лапорта е избран да го врати клубот на старите резултатски патеки и тој тоа планира да го стори. Има искуство во таа работа, затоа што веќе еднаш и ја одведе Барселона до звездите.

Се случи тоа во сега веќе далечната 2003 година при стартот на неговиот прв мандат. Тогаш Лапорта се реши да направи не темелна реконструкција туку буквално да го реновира тимот, да го создаде од темел. Му се заблагодари на дотогашниот тренер Радомир Антиќ, го доведе Френк Рајкарт, и заедно се решија да тргнат од тимот 16 играчи. Франк Де Бур, Бонано, Кристанвал, Алфонсо, Андерсон, Џовани, Рикелме, Фабио Рочембах, Наваро, Траорас, Енке, се само дел и најпозати имиња за јавноста кои си заминаа од  Ноу Камп, а имаше уште толку. Следуваше доминацијата на следната генерација и освојување на огромен број на трофеји.

Па така, за овојпат подготвената реконструкција би требало да ги зафати сега веќе ветераните, Пике, Алба, Бускетс, Роберто како и Гризман, Умтити, Кутињо, Пјаниќ, Брејтвајт, Фирпо, Нето,Алења, а Тринкао веројатно би одел на позајмица. Ова е речиси целиот тим на Барселона во моментов, но очигледно дека овој потег мора да се направи за да Барса тргне во правилниот правец.

Повеќето од овие имаат огромни плати и нивното заминување значи ослобдување на екстра пари за новитетите.

Кун Агуеро е пред пристигнување, Менфис Депај исто така. Ерик Гарсија би требало да биде тука веднаш по финалето во Порто, а денеска проструи информацијата дека десниот бек на Бетис, Бразилецот Емерсон исто така е пред потпис со Барселона. Тој не би чинел воопшто многу само девет милиони евра.

ПретходноОдржан меѓународен балкански турнир во стрелаштво
СледноМакедонија на Европско за само 30 евра, детални информации како навивачите да стигнат до билети