Едисон Кавани навистина е фантастичен сезонава. Јужноамериуканецот ја има својата втора фудбалска младост во дресот на Манчестер Јунајтед и едноставно е несопирлив. Предмалку на мечот против Фулам на Олд Трафорд Кавани го доведе тимот на Јунајтед во водство од 1:0 со гол постигнат од 40 метри со прекрасен лоб удар. Асистенцијата на Бруно Фернандеш го исфрли во фор Кавани, а овој во манир на голем стрелец каков што несомнено е, почувствува, виде дека голманот е далеку од гол линијата и прекрасно под пречка пласираше.