Петковски заврши со Работнички, опција се Кипар, Грција и Унгарија

214

Петар Петковски повеќе не е член на тимот на Работнички. На крилниот напаѓач му истече актуелниот договор со тимот од Дебар Маало, и тој заминува во нова средина.

Сега веќе 24. годишниот Петковски сега веројатно ќе се сврти кон остварување на примарната цел ова лето, а тоа е интернационален трансфер.

Спортмедиа дознава дека за него се опција шампионатот на Кипар, Грција но и Унгарија и дека во следните денови ќе се знае нешто поконкретно.

Тој е дете на Македонија ЃП, па потоа направи трансфер кој беше еден од првите во ерата на Сергеј Самсоненко во Вардар. Доживеа звездени моменти со овој клуб на домашна и меѓународна сцена освои титули играше и во групната фаза од Лигата на Европа, а потоа во 2018 година го засили Работнички.

 

ПретходноСилекс стравува да не му се случи судбината на Маџари од 2005 година!
СледноБаерн додава уште една звезда на грбот