Познати двојките за баражите: Ренова против Охрид и Силекс со Тиквеш во битка за ПМФЛ!

192

Познати се двојките за бараж мечевите за опстанок или пласман во ПМФЛ. Ждрепката сакаше Ренова да игра против Охрид, второпласираниот  тим  во ВМФЛ – ЗАПАД, додека Силекс ќе ги одмери силите против Тиквеш, кој заврши втор во источната конкуренција.

Мечевите се играат во вторник. Силекс и Тиквеш играат на Арената “Тодор Проески“, а Ренова и Охрид на ФФМ.

Почетокот е закажан за во 16 часот. Победниците следната сезона ќе играат во елитата. Нема продолженија, во случај на нерешен резултатот по 90.минути ќе се изведуваат пеналите.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: МЗТ Скопје 2 и следната сезона ќе игра во Прва лига
СледноЕуро Никел се сели во Гевгелија