Познати и составот на Белгија за ЕП – изгледа застрашувачки, кроен да ја нападне титулата

147

Foto> UEFA.com

Белгија која е селекција број 1 на ФИФА листата го објави списокот на 26 играчи кои ќе играат на Европското првенство ова лето. Селекторот Роберто Мартинез направи силна селекција, тоа се имиња кои долго време играат заедно и нема некое изненадување. Белгија никогаш не била европски шампион, но можеби сега со оваа генерација на фантастични фудбалери како Де Брујн, Лукаку, Куртоа, Витзел, Мертенс можат да стигнат до тронот.

На списокот е и Еден Азар. Мартинез не можеше да ја изостави големата ѕвезда иако во Реал е во катастрофална форма. Тука е и неговиот брат Торган Азар. Единствено третиот голман Мат Зелс нема настап, а по него напаѓачите Џереми Доку од Рен и Леандро Тросар од Брајтон имаат најмалку од сите избрани (по шест настапи). Селекторот се одлучи да не ги повика Фелаини кој игра во Кина и Тим Кастелс кој игра добро во Волфзбург.

Белгија во групата на ЕП ќе игра со Данска, Финска и Русија.

ПретходноПерез го најде наследникот на Зидан, тој доаѓа од Италија
СледноДарко Илиески: Ни малку не е сјајна ситуацијата во Пелистер!