„PerSempreCalcio“ објави видео во кое се гледа како Роналдо ги товари своите луксузни автомобили на камион на транспортна компанија од Лисабон. Многумина овој момент го поврзаа со дефинитивна одлука на Кристијано Роналдо да го напушти Јувентус и да оди во друг клуб. „Селењето“ го окарактеризираа како трансфер на Португалецот по завршување на сезоната.
Меѓутоа нема вистина во тоа. Извор близок до фудбалерот за споменатиот извор вели дека тоа е нешто што Роналдо го прави секоја година и нема ништо чудно, а посебно не е поради тоа што ќе се сели во друг град и во друг клуб. „Газета“ исто така информира дека Роналдо пред почетокот на секое летото ги преселува автомобилите на различни дестинации.
А вакво нешто Португалецот не можеше да направи минатото лето кога поради пандемијата се беше стопирано низ Европа, а и сезоната продолжи во јуни после пикот со коронавирусот.
„Кориере Торино“ соопштува дека Роналдо ги носи своите автомобили на редовен сервис и дел од нив се во Германија.
🚨🚨 Cristiano Ronaldo’s cars are being loaded by a portugese moving company for transport in the middle of the night, the same way they have arrived in Turin 3 years ago. pic.twitter.com/EupGjQkrVW
— Everything Cristiano (@EverythingCR7_) May 17, 2021